All for Joomla All for Webmasters

Инженерска пластика

 Дома / Производи / Инженерска пластика
ПОЛИАМИД/ТЕЦАМИД 6 (ПА 6)     

Висококвалитетен материјал со изразито добри механички својства. Густина од 1,14 г/цм3, модул на еластичност 1600Н/мм2, трајно статичкооптеретување 12 Н/мм2. Се карактеризира со висока цврстина, жилавост на удар, отпорност на абење. Се користи како замена за текстолит,бронза,челик и сл. Примена : за изработка на машински делови-запчаници, ланчаници, клизни шини и водилки, тркала, пиксни.  

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ


 ПОЛИАЦЕТАЛ / ТЕЦАФОРМ (ПОМ)     

Полиацеталот се карактеризира со солидна механичка цврстина, одлични антифрикциони својства и занемарлива абсорпција на вода. Се употребува за изработка на запчаници, чаури, клизни елементи, делови за пумпи и опрема за работа под вода. Специфична тежина 1,4 г/цм3.   

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ


 ТЕФЛОН / ТЕЦАФЛОН (ПТФЕ)     

Тефлонот има одлични механички, термички, хемиски и електроизолациони својства, со специфична тежина од 2,18 гр/цм3 и отпорност на температура од -2000Ц до +2500Ц.

Се применува во хемиската, електро, машинската, прехрамбената, фармацевтската индустрија, црната и обоена металургија, за изработка на заптивки лежишта, електро и топлотни изолатори.   

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ


 ПОЛИПРОПИЛЕН / ТЕЦАФИНЕ ПП(ПП)     

Полипропиленот поседува ниска специфична тежина 0,9 гр/цм3, поволни механички својства, одична постојаност на температура до +900Ц и хемиски соединенија. Се применува за изработка на машински делови особено во хемиската индустрија, заради одличната отпорност од хемикалии.   

ПОЛИВИНИЛХЛОРИД / ТЕЦАВИНЅЛ ( ПВЦ )     
Поливинилхлоридот спаѓа во групата на обични пластики.
Има ниска температурна издржливост до +600Ц, но одлични карактеристики при контакт со хемиски соединенија и при заварување. Не се користи за изработка на делови кои треба да поднесат механичко оптеретување. Специфична тежина 1,44 гр/цм3.    

ФИБЕР / ТЕКСТОЛИТ ( ХГЊ 2082 )     

Фиберот се состои од фенолна смола армирана со памучна ткаенина. Отпорен е на масло, бензин, вода и некои послаби киселини. Се употребува како изолационен материјал кај електричните уреди,а поради својата цврстина и во машиноградбата. Отпорен е на температура до +1200Ц и има специфична тежина од 1,35 гр/цм3.   



ПОЛИАМИД & МоС2 / ТЕЦАМ 6 МО     

 

Полиамид со фини честички на МоЅ2 ( молибден бисулфат, кои ја зголемуваат издржливоста и отпорноста на триење, без да се намали механичката отпорности ударната сила. Се користи за изработка за забчаници, чаури, вентили и електроизолациони компоненти.