All for Joomla All for Webmasters

 

 

Фирмата ГУМАТЕРМ е основана 2002 година. Почетоците се постепени но значителни, со оглед на специфичноста на материјалите и стоката која ја нудиме. Постепеното запознавање на клиентите со разновидните можности кои ги имаат со примена на нашите материјали, не носи чекор напред. Малиот и недоволен продажен простор во 2004 година е преселен на атрактивна локација во центарот на градот во простории од 100m2. Секогаш се стремиме да ги задоволиме потребите на потрошувачите, изнаоѓајќи оптимално и евтино решение. Материјалите се наменски и се применуваат во машинската индустрија, градежништвото, прехрамбената, хемиската индустрија, па се до домаќинствата. Инжињерската пластика нуди широки можности, и се повеќе се користи како замена за тешките и комплицирани метали и метални легури во машинството. Гумено-техничките производи исто така наоѓаат своја примена во гореспоменатите индустрии. Лепезата производи ја надополнуваат амбалажните материјали, кои се користат за заштита на стоката при нејзино складирање и транспортирање.