Висококвалитетен материјал со изразито добри механички својства. Густина од 1,14 г/цм3, модул на еластичност 1600Н/мм2, трајно статичкооптеретување 12 Н/мм2. Се карактеризира со висока цврстина, жилавост на удар, отпорност на абење. Се користи како замена за текстолит,бронза,челик и сл. Примена : за изработка на машински делови-запчаници, ланчаници, клизни шини и водилки, тркала, пиксни.
ПОЛИАЦЕТАЛ (ПОМ)
Полиацеталот се карактеризира со солидна механичка цврстина, одлични антифрикциони својства и занемарлива абсорпција на вода. Се употребува за изработка на запчаници, чаури, клизни елементи, делови за пумпи и опрема за работа под вода. Специфична тежина 1,4 г/цм3.
ТЕФЛОН (ПТФЕ)
Се применува во хемиската, електро, машинската, прехрамбената, фармацевтската индустрија, црната и обоена металургија, за изработка на заптивки лежишта, електро и топлотни изолатори.
ПОЛИПРОПИЛЕН (ПП)
Фиберот се состои од фенолна смола армирана со памучна ткаенина. Отпорен е на масло, бензин, вода и некои послаби киселини. Се употребува како изолационен материјал кај електричните уреди, а поради својата цврстина и во машиноградбата. Отпорен е на температура до +1200Ц и има специфична тежина од 1,35 гр/цм3.
ПОЛИАМИД & Молибден МоС2 ( PA6+MoS2 )
Полиамид со црна боја и фини честички на МоЅ2 ( молибден бисулфат, кои ја зголемуваат издржливоста и отпорноста на триење, без да се намали механичката отпорности ударната сила. Се користи за изработка за забчаници, чаури, вентили и електроизолациони компоненти.